Сега и официјално: Адел се разведува по седум години брак

197

Британската пејачка Адел (31) официјално ги предаде документите за развод од сопругот Симон Конецки (45). На овој потег пејачката се одлучи пет месеци откако двајцата објавија дека се разделуваат по седум години заедничко живеење. Нивниот портпарол рече дека двојката спогодбено ќе се раздели и дека двајцата ќе продолжат заедно да се грижат за нивниот син.

Адел во април преку нејзиниот портпарол соопшти дека се разделила од Конецки, но извори блиски до двојката велат дека таа го напуштила уште лани летото.

Двајцата не потпишале предбрачен договор пред да се венчаат во 2016 година.

Тоа значи дека во разводот Конецки би можел да земе половина од нејзиното богатство стекнато додека беа заедно, а „тежи“ 150 милиони фунти.

Адел е една од најпродаваните музички ѕвезди во светот, но исто така и една од најтаинствените кога станува збор за споделување на детали од нејзиниот приватен живот со јавноста.