Главната вест во светот во ММА изминативе неколку дена е смртта на Абдулманап Нурмагомедов (57), тренер и татко на непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов (31).

Нурмагомедов сениор почина по компликациите предизвикани од коронавирусот. Неколку недели беше во болница во Москва, веќе заразен со ковид-19, а потоа имаше срцев удар. Тој беше во индукативна кома, а потоа на интензивна нега, но не закрепна.

Хабиб ја имаше претпоследната одбрана на појасот против Ирецот Конор Мекгрегор (31), кој изрази сочувство на „Твитер“.

  • Губење на татко, тренер и посветен пријател на овој спорт. Моето сочувство, почивај во мир, напиша Мекгрегор.

Но, Ирецот размислуваше сосема поинаку пред само десетина дена.

  • Знаев дека приказната за Абдулманап е само за да го прикриете недостигот на активност, повлекување од борбите, односно да избегате од се. Среќно, но запомнете, напиша во тоа време Конор.