Сега е вистинскиот момент за нив: лажни брауни, не помалку чоколадни

164

Лажните брауни се кремести и богати коцки кои потсетуваат на традиционалните брауни и по вкус и по изглед, ама не содржат ниту брашно ниту шеќер.

Се миксираат во блендер и смесата само се префрла во сад за печење и директно оди во рерна.

Потребно е:

  • 100 г освесни снегулки
  • 50 г какао
  • 170 г мед
  • 125 грама путер од кикиритки
  • 2 банани
  • 2 големи јајца
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1/8 лажиче сол

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, намастете сад 20 на 20 см и покријте го со хартија за печење. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте за да добиете густа и мазна смеса. Прелејте ја смесата во подготвениот сад и печете 20 минути, додека чепкалката со која ќе го прободете центарот не излезе чиста и нелеплива. Почекајте колачот да се излади, а потоа исечете го на коцки. Посочен не може да биде! Заблажете си ја душата додека да „си дојдете на себе“ од блажина.