В петок (10.2.2023) со почеток во 20 часот, во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи популарната opera buffa, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. Приказна за победата на младоста и љубовта, комична опера во два чина.

Диригент е Андреја Наунов. Режисер е Урсула Хорнер (Австрија), сценограф  Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска.

Изведувачката екипа ја сочинуваат: Васко Здравков – Фигаро, Билјана Јосифов (Розина),  Благој Нацоски -Гроф Алмавива, Владимир Саздовски – Дон Базилио, Невен Силјановски – Дон Бартоло,  Соња Пендовска Мадевска -Берта, Драган Ампов – Фиорело, Јане Дунимаглоски -Амброзио, Борко Биџовски -Камениот човек. Хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Операта „Севилскиот бербер“ на Џоакино Росино изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со кои ретко кое друго оперско дело може да се спореди.