Северна Кореја изврши ново пробно лансирање на балистичка ракета

13

Два дена откако Пјонгјанг потврди дека е тестирана нова ракета, прва по шест месеци, Северна Кореја утрово истрела два неидентификувани проектила од источниот брег, соопшти јужнокорејската војска.

Шефот на ГШ на јужнокорејската армија објави дека севернокорејските ракети биле лансирани денеска во правец на територијалните води на источниот брег на корејскиот полуостров, но тој не даде повеќе детали за видот на проектилите. Двата проктила биле лансирани во правец на Јапонското Море во интервал од пет минути, додека владата во Токио изрази надеж дека севернокорејските проектили нема да паднат во територијалните води на Јапонија.

Северна Кореја во понеделникот соопшти дека тестирала новоразвиена крстосувачка ракета двапати во текот на викендот, а државните медиуми ја опишаа ракетата како „стратешко оружје од големо значење“.