СЕВЕРИНА храбро пресече: Нов менаџер ќе ми биде сопругот Игор!

85

Kога мажите ќе почнат да им се мешаат во кариерите на своите популарни сопруги, глумејќи им големи менаџери и сезнајковци, во тој случај пиши дека таа работа или однапред е пропадната или наскоро би требала да пропадне, како кај нас во Македонија, така е и на некогашната југословенска музичка сцена. Барем така покажуваат досегашните случки од праксата. Последниот тазе случај го имаме со популарната Северина која ја прекина 17-годишната соработка со својот менаџер Томица Петровиќ, а за нејзин нов менаџер се јави кој друг, ако не сопругот на Северина, Игор Којиќ. Пејачката за тоа има и цврсто објаснување:

– Мојот сопруг има дебело менаџерско искуство, додуша спортско не е естрадно, но тоа е доволно добро за да може да ја води мојата кариера, да знае да преговара, да се избори за висината на хонорарите, за условите под кои јас настапувам. Игор е впрочем и син на еден успешен пејач, па со татко му поминувал и многу време на естрадата гледајќи и учејќи ги сите работи од шоу-бизнисот. Така што сега тоа е потврдена работа, мој нов менаџер е мојот сопруг Игор, а со Перица пријателски се разделивме, тој на своја страна си замина, јас на моја. Отсега сите работи, приватни и професионални, остануваат токму тука во нашето семејство што е и многу логично… убедена е Северина. Останува да видиме дали Игор ќе биде соодветна менаџерска замена за успешниот Томица?   Д.М. /foto:FB,Instagram/