Северина и од изолација знае како да ги одушеви обожавателите: Покажа како чисти по дома/Видео

176

Северина Којиќ деновите во изолација ги минува во извршување на домашните работи. Преку ден чисти и одржува форма, а во вечерните часови наместо на концерти со обожавателите се дружи онлајн.

Поради епидемијата со вирусот корона се откажани бројни концерти и собири на пејачите и пејачките кои се приморани деновите да ги минуваат во четири ѕида. Како и на други места во соседните земји, и генерално во светот, владее целосниот застој за естрадните уметници во Хрватска.

Една од нив е и Северина која одлучи саботите навечер наместо на концерти со својата публика да ги поминува дружењата онлајн, пренесе Вечерњи лист.

На својот Инстаграм таа веќе неколку недели ја има отворено таканаречената СеВеТеВе, а новата епизода ја најви во својот дом и тоа во досега невидено издание, пренесе Вечерњи лист.

Имено, Северина објави видео во кое го чисти подот во кујната како Пепелашка, а ги најави и вечерните гости на својот Инстаграм лајф.