Откако Северина и по вторпат се разведе, а и вториот маж, синот на пејачот Кеба и беше Србин, на нејзината адреса почнаа да пристигаат многу навреди од страната на некои тиражни (озборувачки) српски таблоиди. Причината за ова е што Северина ладнокрвно пред некој ден одбила да биде водителка на ТВ Уна во Република Српска, телевизијата во сопственост на синот на Претседателот Милорад Додик.             Рамнодушен не остана ниту тој, контровениот пејач Аца Лукас, кој стана како некоја“дежурна баба-озборувачка“ според некои извори од белградската трач-чаршија.

– Не знам зошто го направи тоа, бев шокиран што тоа го прави жена која до вчера била во брак со двајца Срби. Не можам да верувам дека таа живеела во Белград, со такви лоши мисли со кои не ја поднесува Србија.
Убеден сум дека тоа има сега врска со “купувањето“ на хрватската публика, да се испере, бидејќи Северина се врати да живее во Загреб или во Сплит, па секако и треба исправка, на која мислам дека ќе причека. Нема лесно да помине кај своите.Мојата згодна гоколешка малку повеќе се занесе во нејзините изјави, и кога ќе го сфати тоа, ќе биде предоцна. И посакувам се најдобро, вели Аца фаца. (Д.М.) foto:Instagram