Челникот на Австриската народна партија (ОВП) и поранешен австриски канцелар, Себастијан Курц, денеска за прв пат стана татко.

Неговата девојка Сузан роди син во раните утрински часови, стои во пишаната изјава за медиумките.

Името на наследникот на Курц засега се уште не е откриено.

„Пресреќни сме и многу благодарни“ Сузан и нашето бебе се добро, се радуваме на нашата прекрасна заедничка задача како родители и на нашиот прв Божик во тројка“, стои во изјавата.

Курц моментно е претседател на парламентарната група на ОВП во австрискиот парламент, по повлекувањето од премиерската функција откако обвинителство за криминал и корупција покрена истрага против него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sebastian Kurz (@sebastiankurz)