СДСМ: Неспособниот Мицкоски се гордее со криминалите и провизиите на Груевски

51

Единствено нешто што ВМРО-ДПМНЕ реализираше во инфраструктурата за време на 11 годишното криминално владеење, беа договорените тендери и провизиите за автопатите што ги договорија Никола Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески, а со кои денес се гордее нивниот соработник, неспособниот Христијан Мицкоски.

За 11 години неспособното ВМРО-ДПМНЕ изгради само 10 километри автопат, се друго се криминали, пропусти, договорени тендери и провизии преку кои се богатеа поединци.

Пропустите на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип направени заради криминалните интереси на ВМРО-ДПМНЕ ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра и истите се симбол за неспособноста, криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквиот криминален однос, Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски посветено работат на надминување на штетите наследени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и инвестираат во развој на инфраструктура.

Преку одговорен и домаќински пристап во 2018 беа изградени и реконтруирани над 60 патни правци низ целата држава. Инвестицискиот циклус во инфраструктурата продолжува и се интензивира во 2019 година кога се предвидени изградба и рехабилитација на патишта и автопати во вкупна должина од над 770 километри со вредност од околу 1,2 милијарди евра.

Владата предводена од СДСМ продолжува да инвестира во реални, одржливи инфраструктурни проекти кои обезбедуваат побрз и посигурен транспорт и го олеснуваат животот на граѓаните.

СДСМ, Центар за комуникации