СДСМ изгласа нов централен одбор

155

Централниот одбор на СДСМ на денешната седница која се одржа во Охрид избра нов Извршен одбор, кој ќе биде намален во однос на претходниот и ќе брои 16 членови, дел нови, дел од претходниот состав.

Во Извршниот одбор меѓу другите се избрани министрите Рената Десковска и Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, Костадин Костадинов, Благој Бочварски, Фросина Ременски, Татјана Стојановска, Стефан Богоев, Ѓоко Танасковски, Салија Лјатифи.

Претходно ЦО го избра директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Скопје, Душко Весковски за нов организационен секретар, професорот Дане Талевски е избран за секретар за меѓународна соработка, а Мартин Попов, пак, е именуван за директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.