СДСМ: Граѓанскиот концепт ги победува стереотипите

25

Граѓанскиот концепт “Едно општество за сите” ги победува стереотипите. Времето на поделби заминува во историјата. Моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само во својот етнички кампус е поразен, реагира владејачката партија преку партиско соопштение.

СДСМ ја гради најголемата, најразноликата и најмоќната предизборна коалиција до сега и токму затоа таа е победничка.  Предизборната коалиција со Движењето Беса е заеднички чекор со кој мултиетничкиот карактер на Северна Македонија го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда, стои во соопштението од СДСМ.

Нашата визија за Северна Македонија, велат од партијата на Зоран Заев, е економски силна и стабилна држава, праведна земја, членка на НАТО и ЕУ и тоа заедно со граѓаните ќе го оствариме.