СДСМ: Бескомпромисна борба против криминалците

67

Централниот одбор на СДСМ во проширен состав, со пратеници, градоначалници, претседатели на ОО, министри, СДММ и Форум на жени, донесе Декларација со која што го задолжи највисокото раководство на СДСМ, кое истовремено е највисоко раководство на владата, на државата, да продолжи со бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како и јакнење на правната држава преку создавање на услови за целосно владеење на правото.

,,Последните случаи покажуваат дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.ДСМ ќе направи сѐ, реформите ќе продолжат, напредокот ќе продолжи, Република Северна Македонија ќе успее“-изјави Генералниот секретар, Љупчо Николовски.

Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.

Разгледувајќи ја актуелната состојба Централниот одбор го реафирмира ставот дека како државотворна и одговорна партија СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.