СВР Велес евидентира девет непочитувања на зголемениот полициски час

44

На подрачјето на СВР Велес се евидентирани девет случаи на непочитување на забраната за движење за време на полицискиот час кој од синоќа е од 20 часот па до 5 наутро.

-Од нив два се во Велес, најмногу  седум има во Неготино, а во Кавадарци нема ни еден, информира портпаролот Верољуб Додевски.

За прекршителите најави дека ќе се преземат соодветни мерки.

Извор: МИА