Модифицирани срца од свињи би можеле да се користат за трансплантација кај луѓе за само три години од сега, тврди хирургот, пионер во трансплантација на срце, кој веќе 40 години работи на оваа медицинска процедура.

Сер Теренс Инглиш, зборувајќи на годишнината од неговиот револуционерен подвиг во 1979 година, изјави дека до крајот на годинава неговиот некогашен студент, подоцна и асистент од 1979 година, до крајот на оваа година ќе се обиде да изврши трансплантација на бубрег од свиња во човек.

Научниците веруваат дека таквото пресадување ќе биде вовед во многу посложени трансплантации на органи од животни во човечки тела, процес наречен ксенотрансплантација.

„Ако резултатите од ксенотрансплантацијата на свински бубрег кај човек се покажат добри, во тој случај многу веројатно е дека за некоја година истото ќе може да се направи и со срце“, рече Инглиш.

Срцата на свињите имаат слична анатомија како оние кај луѓето, па токму затоа се користат и како модели на кои се вршат разни тестирања.

Научниците се надеваат дека употребата на срцето на свињата би можело да придонесе за создавање на револуционерна метода со која човештвото ќе се избори со кардиолошките заболувања.