Африканската свинска чума стигна на граница со Бугарија, Македонија на готовс

Болеста африканска свинска чума се појави во областа Русе во соседна Бугарија која е многу блиску до нашата земја. Затоа АХВ ги подигна на повисоко ниво мерките за спречување на ширење на оваа болест кај свињите. Оттаму апелираат граѓаните кои патуваат во Бугарија и во другите соседни земји во кои е присутна болеста да не внесуваат храна од животинско потекло, односно месни и млечни преработки

503

Во Македонија нема африканска свинска чума, меѓутоа болеста се појави во областа Русе во соседна Бугарија, која е многу блиску до нашата земја. Затоа од Агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ ги подигна на повисоко ниво мерките за спречување на ширење на оваа болест кај свињите. Оттаму апелираат граѓаните кои патуваат во Бугарија и во другите соседни земји во кои е присутна болеста да не внесуваат храна, односно месни и млечни преработки.
Покрај храната болеста најмногу се шири и преку дивите свињи. Затоа АХВ веќе издаде решение за организирано застрелување на дивите свињи.
Болеста африканска свинска чума не е опасна за луѓето, но е високозаразна вирусна болест кај дивите и домашните свињи, која брзо се шири преку контакт со заболени свињи, производи од животинско потекло кои не се доволно термички обработени, контаминирани предмети и опрема. Болеста предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството, истата не се лекува и за неа не постои вакцина.
-По појавата на новото жариште на болеста африканска свинска чума во областа Русе, во соседна Бугарија, АХВ ги подигна на повисоко безбедносно ниво мерките за спречување појава и ширење на оваа болест кај свињите. Освен во Бугарија, болеста во моментов е присутна во Романија, Унгарија, Естонија, Литванија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска… Во моментов во Македонија нема појава на болеста африканска свинска чума кај свињите ниту во фармите, ниту кај дивите свињи, изјави директорот на АХВ, Зоран Атанасов.
Со цел спречување на појава и ширење на болеста кај свињите и можните катастрофални последици во свињарството од АХВ апелираат граѓаните кои патуваат во Бугарија и во другите земји каде што е присутна болеста африканска свинска чума при враќањето од земјата во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло, комуналните инспектори при општините да вршат заловување на единките свињи кои ќе бидат затечени на отворени јавни површини. Одгледувачите на свињи во селските домаќинства да ја почитуваат забраната за чување свињи на отворено, односно свињите да не се пуштаат на паша бидејќи постои можност да бидат во контакт со дивите свињи кои што исто така се носители на вирусот. Ловџиите, ловните друштва и собирачите на шумски плодови да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го забелеќат до најблиското ветиринарно друштво. Ветринарните друштва будно да ја следат состојбата во одгледувалиштата и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж за појава на оваа болест.
АХВ ги подигна на повисоко ниво и биосигурносните мерки во фармите и издаде решение за организирано застрелување на дивите свињи со цел да ги доведе на биолошки минимум. Болеста се појави во 2007 година во Казахстан, а потоа се прошири во Украина и Белорусија, а сега е присутна во цела Источна Европа. (А.С.)