Свештеник добил три години затвор поради обљуба на малолетничка

110
Вишиот суд во Белград го осуди разрешениот свештеник од Калуѓерица З.М. (60) до три години затвор.
Свештеникот е осуден за кривично дело прељуба со злоупотреба на положбата.
Тој се товари дека ја злоупотребил положбата така што обљубил малолетничка од неговата парохија која останала бремена со него, а потоа и ја прекинала бременоста.
Судот му ги одредил и сите посебни мерки предвидени со т.н Мариин закон – да се пријави во полиција по издржување на затворската казна, забрана за посета на места каде што се собираат малолетници, задолжителна посета на стручно советувалиште, задолжително известување за промена на живеалиштето и задолжително известување за патување во странство.