Рускиот атлетичар Сергеј Шубенков се повлече пред да настапи на Летните олимписки игри во Токио, поради сериозна повреда на ногата. Светскиот шампион во трката на 110 метри со пречки, ја повредил ахиловата тетива при загревањето поради што бил веднаш префрлен во болница.

Тренерот на Шубенко, Сергеј Клевцов, истакна дека се работи за повреда на скочниот зглоб.

  • Многу сме разочарани, но не можеме да кажеме дека немаше знаци на предупредување за оваа повреда. Овој тип на повреда е трајна и треба да почекаме до лекарските прегледи, истакна Клевцов.