Светскиот рекорд во полумаратон урнат од 71 – годишна баба

123

Рекордите во маратонските и полумаратонските трки секојдневно се подобруваат и тоа не е ништо спектакуларно, но кога тоа ќе го направо некој што има 71 – година, тогаш тоа е вредно иза влез во гинисовата книга на рекорди.

Имено ваков подвиг имаше Џени Ричи (71), која го урна светскиот рекордот во полумаратон, во својата возрасна категорија

По повеќе обиди да го урне светскиот рекорд во својата возрасна категорија, конечно успеа во тоа. Џени, која уште ја нарекуваат феноменот од Ментор, Охајо, полумаратонот во Акрон го заврши со време 1.37.07 часа

Со нејзиното време го урна рекордот на полумаратонската трка што беше во сопственост на 70 – годишната Лавина Петри од Австралија (1.37.38 часа), поставен во 2014 година.

За Ричи уривањето на светскиот рекорд е успех до кој дојде по напорните тренинзи. Во октомври минатата година го урна светскиот рекорд за жени во маратон. Таа на маратонот во Чикаго истрча врме од 3.27.50 часа, што е осум минути побрзо од претходното најдобро врме.

Онтересно е што оваа упорна жена почнала да трча на 35 – години со цел да ослабе, а сега освен што ја остварила оваа цел, стана и рекордерка во полумаратон и маратон.

-Ќе трчам на маратонот во Берлин. Ако успеам да го уранам рекордот за минута или пола минута ќе бидам среќна. Си поставувам вакви цели само за да не се откажам и да продолжам да тренирам, изјави Ричи.