Светскиот модел Џереми Рулман ненадејно почина на 27-годишна возраст/ФОТО

79
Фото: Instagram printscreen/ruehlemann

Моделот Џереми Рулман ненадејно почина на 27-годишна возраст, а причината за смртта се уште не е позната.

Џереми имаше богата кариера и соработуваше со светски познати модни дизајнери. Модниот дизајнер Кристијан Сириано на својот Инстаграм профил објави фотографија од Рулман за време на една од нивните соработки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christian Siriano (@csiriano)

„Никогаш не сум објавил вакво нешто, но навистина е тешко да изгубиш пријател кој имаше и беше толку убава душа. Ова е за Џереми, најубавиот човек кој им даде толку многу љубов на сите што ги запозна без разлика на се“, напиша Сириано, а потоа додаде:

„Ја испраќам сета моја љубов до неговото семејство и пријателите кои изгубија некој толку посебен. Знам дека ќе се сретнеме повторно еден ден, но во моментов сакам само да го гушнам. Одмори се добро, сите те сакаме многу!“

Џереми е роден во Њу Џерси, студирал психологија, а потоа почнал да се занимава со манекенство.