Светскиот автомобилски саем следната година нема да се одржи во Франкфурт

20

Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин на најголемото германско автомобилско Светско мотошоу – ИАА, наредната 2021 година, но сигурно е дека, по речиси 70 години, тоа веќе нема да биде – Франкфурт.

Градот, кој е домаќин заедно со Хановер од 1951 година досега, испадна од потесниот список со одлука на Германската асоцијација за автомобилска индустрија (ВДА). Останатите кандидати се Берлин, Хамбург и Минхен.

„Одлуката на раководството на ВДА не беше лесна“, се вели во соопштението

Асоцијацијата му се заблагодари на Франкфурт за досегашните настани и „добрата, многу долга и цврста заемна соработка“. Се очекува одлуката да се донесе наредните неколку недели.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави дека ВДА одлучила да отвори тендер за нови идеи откако бројот на презентации на минатогодишниот автомобилски саем во Франкфурт опаднало, односно некои големи светски производители на автомобили ги намалиле своите учества.

Последното Светско мотошоу во Франкфурт ќе се одржи во септември годинава.