Светската шампионка во пливање Унгарката Богларка Капаш, е уште една во низата спортисти заразени со коронавирусот. Таа соопшти дека била позитивна на вирусот, а тоа го дознала откако и бил направен вториот тест.

Унгарката одлучила да тргне на ттенинзи за продолжување на сезоната и затоа морала да направи тестирање за Ковид 19 .

Првото тестирање не покажало дека има корона, но затоа вториот тест покажал дека била позитивна.

  • За среќа немам симптоми и затоа многу е важно да занете дека иако се чувствувате потполно здраво може да го ширите вирусот, предупреди унгарската пливачка.

Унгарската агенција МТИ јавува дека Капаш ја заразила и целата унгарска пливачка репрезентација. Taa ги објави имињата на уште тројца пливачи кои се позитивни на Ковид-19, а станува збор за Доминик Кузма и Рихард Бохус кои беа бронзени на Светското првенство, како и европскиот вицешампион Давид Хорвад. Засега, не се објавени имињата на останатите пет пливачи.

Исто така заразени се и уште десет тренери и членови на стручниот штаб на унгарската пливачка репрезентација.