Светската, патувачка изложба за врвните истражувања во Германија во Скопје  

48

„Вселена.Човек.Интелигенција.“ е интерактивна изложба за млади, која Гете-институт во соработка со друштвото Макс Планк ја прикажува ширум светот, а од 3 до 28 април ќе може да се посети во изложбениот простор на Култро информативен центар во Скопје.

-Изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција.“ обработува пет големи тематски области: Вселена, Историја на човештвото, Мозок, Антропоцен и Вештачка интелигенција. За секоја од наведените теми постои соодветна станица, на која посетителите на забавен начин и со интерактивни елементи може да дознаат повеќе за темите како што се на пр. компјутерско преобразување (морфинг) на лице, прикажувања на растојанија во вселената со помош на атмосферска обвивка, инсталации, со коишто може да се доживеат различни емоции преку влијанието на музиката или интеракцијата на роботите и сл, посочуваат од Гете-институтот.

Целта на изложбата е на сите заинтересирани за Германија и германскиот јазик да им се покаже дека истражувањето во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Изложбата поттикнува љубопитност за истражување на различни полиња и стимулира размислување за научни и општествени теми.

Изложбата ќе биде свечено отворена на 3 април и ќе трае до 28 април, а влезот е бесплатен.