По трауматично искуство со епидемијата на ковид-19, јавноста нервозно реагира на појавата на дури еден случај на непознат вирус, а сега кога мајмунски сипаници се пријавени во речиси сите земји на западниот свет, паниката се шири. Британскиот лекар д-р Кацуракис за „Вашингтон пост“, вели дека мајмунските сипаници се многу помалку преносливи од коронавирусот, а може да биде опасно доколку вирусот мутира бидејќи премногу циркулира, а со тоа станува поагресивен или пренослив. Од Националната организација за јавно здравје на Грција денеска информираа дека  досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници и додаваат дека во соработка со европските организации, но и со СЗО и внимателно ја следат ситуацијата. Од Инфективната клиника во Скопје за весникот ВЕЧЕР  велат дека  нема место за паника и стравување  од  мајмунска сипаница – Кај нас до сега не се јавил ваков случај, иако и пред седум-осум години имало вакви инфекции во светот, велат од Инфективна клиника. 

Сè повеќе земји пријавуваат случаи на мајмунска сипаница, ретка вирусна инфекција која е многу слична на човечката сипаница. Во четвртокот, првите случаи беа пријавени во Канада и Австралија. Вирусот претходно беше пријавен во неколку европски земји. Последните нови случаи се пријавени во Франција, Италија, Шведска, а потврдени се случаи и во САД, Шпанија и Португалија. Се истражуваат 13 сомнителни смртни случаи во Канада.

Светската здравствена организација денеска свика група водечки експерти на итен состанок  да разговараат за тековната епидемија на мајмунски сипаници, пишуваат медиумите во светот. Според извештаите, двојно е зголемен бројот на заболени со заразни мајмунски сипаници во Велика Британија, а тоа го потврдил и министерот за здравство Саџид Џавид, наведувајќи дека има 11 нови случаи на заразени.

„Утринава ги информирав министрите за здравство на Г7 за она што го знаеме досега. Повеќето случаи имаат благи симптоми и можам да потврдам дека набавивме дополнителни дози вакцини кои се ефикасни против мајмунска сипаница“, напишал тој на Твитер.

Кај нас досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција и додаваат дека во соработка со европските организации, но и со СЗО и внимателно ја следат ситуацијата. Паралелно, на граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.

По трауматично искуство со епидемијата на ковид-19, јавноста нервозно реагира на појавата на дури еден случај на непознат вирус, а сега кога мајмунската сипаница е пријавена во речиси сите земји на западниот свет, паниката се шири.

„Јавноста не треба да биде загрижена. Не постои можност за епидемија бидејќи тоа е болест која всушност не се пренесува многу лесно меѓу луѓето и бара навистина близок и интимен контакт со заразените“, вели епидемиологот д-р Бернард Каиќ за ДНЕВНИК.хр.

„Повеќето од овие случаи се сексуално преносливи, но како и многу други болести треба да се внимава и оваа ситуација секако бара внимание од здравствените организации. Вакцина за овој вид сипаници нема, а вакцината против човечка сипаница кај мајмуните има стапка на успех од околу 85 проценти“, објаснува тој.

„Вакцинирањето на општата популација престана во 1980-тите, а генерациите по 1985 година веќе не беа вакцинирани против сипаници бидејќи вирусот беше искоренет, вели Каиќ. „Прашањето е колку се заштитени оние кои биле вакцинирани пред 1985 година бидејќи заштитата од вакцини трае околу 20 години.

На прашањето дали ќе ни требаат дополнителни вакцини, д-р Каиќ објаснува. „Не, класичната вакцина против сипаници повеќе не се користи. Светската здравствена организација дури размислуваше дали би имало смисла да се вакцинира против сипаници, но со оглед на тоа што вирусот навистина тешко се пренесува и нема епидемиолошки потенцијал, а вакцината има многу несакани ефекти, таа беше напуштена“.

Практично нема лек за мали сипаници, ниту за некој друг вирус, вели д-р Каиќ и додава дека болеста се третира симптоматски.

Бројот на регистрирани заболени засега е прилично низок, но поради искуството со коронавирусот им е посветено големо внимание од надлежните органи и медиумите. „Можеби преголемо“, тврдат двајца експерти интервјуирани од американскиот дневен весник „Вашингтон пост“, а пренесени од францускиот Кири интернешенел.

„Мајмунските сипаници се многу помалку преносливи од ковид-19“, вели Арис Кацуракис од Универзитетот „Оксфорд“. Овој професор смета дека во моментов „нема потенцијал за глобално ширење на исто ниво како коронавирусот“.

Том Инглсби, директор на Центарот за здравствена безбедност Џон Хопкинс, смета дека опасноста за населението засега е „многу, многу мала“.

Сепак, останува прашањето зошто вирусот дојде во Европа и во САД, без повеќето пациенти да патуваат во  и од Африка?

„Ова е или голема несреќа или нешто сосема необично“, предупредува Кацуракис. Може да биде опасно ако вирусот  мутира, ако премногу циркулира и на тој начин да стане поагресивен или попренослив – рече тој. „Не е особено смртоносен вирус“

Во сегашната форма, во секој случај, вирусот „мајмунска сипаница“ не е особено смртоносен, иако двата вида мора да се разгледуваат одделно, предупредува американскиот дневен весник.

Германскиот институт „Роберт Кох“ во средата издаде предупредување за лицата кои се враќаат од западна Африка, како и мажите кои имаат секс со мажи, во случај на невообичаени промени на кожата  „веднаш да побараат здравствена нега“.

ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ: Нема место за паника и страв!

 Во Македонија никогаш немало случај со мајмунска сипаница,  потврдуваат  инфектолози од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за весникот ВЕЧЕР. Според нив нема место за паника и стравување од  мајмунска сипаница, кај нас досега не се јавил ваков случај, иако и пред седум-осум години имало вакви инфекции во светот. Специјалистите укажуваат дека не е првпат да се јави мајмунска сипаница во земјите од Европа, но тоа не значи дека ќе дојде и кај нас.

-Повремено се јавуваат овие вирусни инфекции, најчесто на егзотични места и во земји каде што има поголема фреквенција на луѓе и туристи како што се Шпанија и Франција. Кај нас нема, и нема потреба да се плашиме, се надевам дека нема да имаме прв случај ни сега – велат од Инфективна и дополнуваат дека  во минатото во Македонија немало пациенти со мајмунска сипаница.

Како што посочуваат инфектолозите, за среќа, мајмунска сипаница многу ретко се јавува и не е контаминозна болест. Слична е како херпес зостер, се јавуваат меурчиња по телото, но тие за среќа не се контаминозни.

Инфектолозите се оптимисти и нагласуваат дека доста им е од паника, очекуваат да следува период кога малку ќе се смириме  од притисокот што го имавме од  пандемијата со коронавирусот.  (В.Ма.)

 

Симптомите се слични на грип, но можат да бидат фатални

Станува збор за ретка вирусна инфекција која првпат била откриена во 1958 година, во колонии на мајмуни кои биле користени за истражување. Се смета дека овој вирус се пренесува преку глодари. Кај луѓето, мајмунските сипаници се откриена пред 52 години во Народна Република Конго. Во претходните децении, инфекцијата беше пријавена во неколку африкански земји, како и во Обединетото Кралство, САД, Израел и Сингапур.

Инфекцијата со вирусот на мајмунска сипаница започнува слично на инфекцијата со вирусот на грип. Пациентот има треска, чувствува малаксаност, се жали на главоболка, исцрпеност и болки во мускулите. Покрај тоа, постои оток на лимфните јазли. Овие симптоми се причината што првите случаи на мајмунска треска оваа година беа откриени дури по неколку дена – затоа што болеста е придружена со знаци кои може да укажуваат на широк спектар на болести.

Периодот на инкубација е од 7 до 14 дена, но понекогаш може да биде и од 5 дена до 21 дена. Осипот се појавува најмногу 72 часа од првите симптоми, најмногу на лицето, а потоа се шири на остатокот од телото. Болеста трае од 14 до 28 дена. Крастите кои се појавуваат како резултат на осипот паѓаат сами од себе.

Луѓето кои биле вакцинирани против сипаници се изложени на помал ризик од заразување со мајмунски сипаници. Меѓутоа, во светот имало случаи кои завршиле со смрт. Доколку почувствувате некаква промена, најдобро е веднаш да се консултирате со вашиот лекар.