Светот наскоро може да добие уште една држава?!

170

Кога ќе заврши референдумот кој започнал минатата недела, покраината на Папуа Нова Гвинеја, Бугенвил, би можела да стане независна држава, нова држава на светот.

Уште од крвавата граѓанска војна во 1998-ма година и мировниот договор кој бил потпишан во 2001-ва година, Бугенвил се бори да стекне независност. Сега е распишан референдум за да се одреди статусот на островот, а тој референдум нема обврзувачка сила.

Граѓаните од 23-ти ноември до 7-ми декември ќе се определуваат за две можности: добивање независност од Папуа Нова Гвиенија или барање на поголема автономија од државата. Повеќе од 80 проценти од граѓаните веќе гласале. Потребен е договор меѓу автономната Влада на Бугенвил и Владата на Папуа Нова Гвинеја, а потоа и одобрение од нејзиниот парламент, пренесува Спутник.

Бугенвил е збир од територии во чиј состав се наоѓа и главниот остров – Бугенвил, помалиот остров Баку и околните острови кои се сместени северно од Саломоновите острови и источно од Нова Гвинеја.

На некои им е познат и под името Северен Саломон, а бил под австралиска управа заедно со Папуа Нова Гвиенија. Австралија ја признала независноста на Папуа Нова Гвинеја во 1975-та, но Бугенвил останал под нејзина управа, и покрај тоа што културно поблизок до Саломоновите острови.

Изјавата која ја дал новиот премиер на Папуа Нова Гвинеа, Џејмс Марапе, покажала дека главниот град Порт Морзби не поддржува активна независност на Бугенвил, но и дека не ја отфрла во целост.

“Повторувам дека резултатот од референдумот ќе биде разгледан од страна на лидерите на двете страни, за да се најде најдоброто решение за народот на Бугенвил и Папуа Нова Гвинеја”, рекол Марапе, истакнувајќи го тежнеењето кон политичко, а не воено решение на повикот за независност.

Бугенвил добил автономен статус и право на формирање на парламент и носење на сопствени закони по крвавата граѓанска војна водена меѓу Револуционерната армија на Бугенвил и воените сили на Папуа Нова Гвиенија, која траела од 1988-ма до 1998-ма година. Една од причините за оваа војна било несогласувањето околу профитот од најголемиот рудник за бакар во светот, со кој управувал Рио Тинто во 70-тите и 80-тите години, а кој го затворила Револуционерната армија на Бугенвил во мај 1989-та година. Во војната загинале повеќе од 20.000 луѓе, а мировен договор конечно бил постигнат во 2001-ва година.

Со резултатите од референдумот, кои се очекуваат до средината на декември, се проценува дека економскиот успех на земјата во создавање би можел да доведе до повторно активирање на нејзината бакарна индустрија.