Бројни спортисти изминативе две недели апелираат за прекин на руската инвазија на Украина, а овој пат порака испрати 22-годишната московјанка која се натпреварува во уметничко лизгање, Евгенија Медведева. Таа не можеше да остане студена кон она што се случува во нејзината соседна земја, Украина.

Младата Русинка го освои сребрениот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а на Инстаграм остави порака каква што многу други руски спортисти не се осмелуваат да остават.

  • Имам впечаток дека созреав за десет години во последните седум дена. Но, не сакам вака да пораснам. Јас сум само девојка која веруваше во идеалите на уметноста, во добрината, отсекогаш бев наивна и смешна, цел живот… Би сакала да останам наивна и забавна цело време. Само станувам наутро и гледам смешни видеа на „Тик-ток“. Сакам да го започнам денот со нешто позитивно, а не рацете да ми се тресат од прегледување на политичките вести – вели Медведева, па додава:
  • Да, сфаќам дека има многу полоши, пострашни и многу потешки работи со кои треба да се справам во моментот. Но, секој ден ми текнува да ги заменам сите мои цели и соништа со мир, меѓусебно почитување и способност за преговарање – заклучи таа.

Медведева наполни 22 години оваа есен, но нејзината кариера, како и на многу други спортисти од Русија, може да се најде во големи проблеми поради руската воена инвазија на Украина.