Свети Николе доби донација во заштитна опрема

90

Општина Свети Николе денеска доби 4.000 маски и 80 заштитни одела од нашиот сограѓанин Дејан Петрушевски, информираше денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Истите, се дистрибуирани до Здравстен дом “Г. Гаврилски” Свети Николе, МВР Свети Николе , Центар за јавно здравје-Свети Николе, НВО секторот , преку Центарот за социјална работа до социјално загрозените семејства и до сите други институции во градот, вели Велковски.

Тој упати благодарност до Петрушевски за донацијата и помошта во справување со коронавирусот во нашата општина.

Ова е уште еден доказ, дека Свети Николе е непресушен извор на солидарни и хумани луѓе, додаде Велковски.

Извор:МИА