Свежи и олеснети:Наместо вечера салата, со моќниот корен

56

Целерот е богат со влакна, исклучително корисен за чистење на цревата, ама се препорачува и на оние кои имаат проблеми со зголемен холестерол.

Целерот е богат со витамин Ц, а нутриционистите препорачуваат да се јаде во комбинација со морков или дури со јаболко.

На измаченото тело ќе му ги врати електролитите, па се препочува по исцрпувачки тренинг.

Затоа употребувајте го почесто во секојдневната исхрана и заменувајте ги вечерните оброци со салати во кои основната состојка ќе биде целерот. Почнете со оваа, резултатите по здравјето ќе се забележат прво на вашата линија.

Потребно е:

  • 1 корен целер
  • 1 кисело јаболко
  • 1 морков
  • 1 рака ореви или печени бадеми

Прелив:

  • 2 лажици сенф
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол, црн пипер
  • сок од еден лимон
  • 1 лажица мед

Приготвување:

Изрендајте ги јаболкото, морковот и целерот и измешајте ги. Направете го преливот така што ќе ги изматите се сенфот,маслото, медот, солта и црниот пипер и сокот од лимонот.

Прелејте ја салата, измешајте и додадете ги оревите.