Сведоштво на повреден во несреќата: Автобусот наеднаш изгуби контрола (видео)

56

Еден од повредените во вчерашната трагедија кај Ласкарци вели дека несреќата се случила толку брзо, и за само неколку секудни, од патот, автобусот се нашол во долот.

-Се се случи многу брзо. Автобусот како наеднаш да изгуби контрола, од едната лента преку другата и се превртевме, падневме во дол. Тоа траеше се на се неколку секунди. Додека се освестивме веќе бевме превртени. Беше многу лоша состојба, раскажа еден од повредените за ТВ Клан.

Повредениот вели дека автобусот бил полн до последното место, бидејќи тоа се нафреквентните линии, кои тргнуваат од Скопје во 4.15 часот, и сите патници се враќаат од работа.