Свадбените ѕвона ѕвонат… Пејачот Васил Гарванлиев, во Америка, му подари прстен на свршеникот – стапи во брак!

1396

– Останете верни на себе и следете ги соништата – стои во описот на објавата на Гарванлиев со се свадбениот прстен. Тој накусо додаде дека свадбата ќе се одржи наскоро и ќе дојде во Македонија ова лето, бидејќи сака да го запознае поширокото струмичко семејство со идниот зет. Честито!!!

Познатиот македонски поп-пејач и македонски евровизиски претставник, струмичанецот Васил Гарванлиев, без исклучок, ја сподели најубавата вест за него со сите македонски медиуми, па така и со ВЕЧЕР. Тој на сите „ѕвона“ објави, кои, инаку, весело ѕвонат за него, дека на свршеникот од Америка, токму таму, во Америка, со испружена рака (и со лакирани нокти и тетоважата love) му подарил едно кутиче. Во кутичето со боја на вишна бил свадбениот прстен. Со тој чин, пејачот и официјално стана сопружник на својата втора половина. Влезе во брак! Пред една година, тие се свршија, а сега се подготвуваат за свадба, голема, македонска. Васил го опишува овој чин со прстенот како некоја бајка.

– Те сакам! Небото е полно со ѕвезди, а јас гледам само една. Двајцата станавме едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата –стои во описот на објавата на Гарванлиев. Тој накусо додава дека свадбата ќе биде наскоро и дека ова лето ќе дојде во Македонија бидејќи сака да го запознае поширокото струмичко семејство со идниот зет, кој е многу добар човек, весел, чесен, неверојатно заинтересиран за Македонија, нашата вкусна храна и нашите народни обичаи.

Инаку, да потсетиме дека Васил беше и еден од најактивните учесници на првата скопска “Парада на гордоста“, пред една година. Тогаш тој порача луѓето да бидат свои на своето, да бидат искрени, полни со љубов и со позитивна енергија. Воедно ја испеа евровизиската песна „Here I stand“, со која лошо помина на самиот евровизиски натпревар. Не влезе во големото финале и единствено Ирска имаше послаб пласман од Македонија. Но Васил продолжува понатаму со кариерата и има големи успеси….
(Д.М.) фото: Инстаграм