Една од најубавите жени на светот, водителката и модел Пилар Рубио и познатиот фудбалер по седумгодишната врска го кажаа судбоносното „да“ во катедралата во Севиља, Шпанија.

Стотина љубопитници дојдоа да го поздрават овој пар, како и гоститеи што се појавија на свадбата на годината, пренесуваат светските медиуми. На свадбата присуствуваа и нивните три деца што ги добија додека уште живееја во невенчана заедница. Невестата која е осум години постара од младоженецот, се појавила во венчаница која внимателно ја избрала и по која жените низ светот веќе полудеа.

Интересно е што на почетокот на вечерта пееше Нина Пасотри, за подоцна да се појави и култниот бенд AC/DC, кој и е омилен на Рубио, а за кој младенците издвоиле повеќе од милион евра.

Славењето всушност се одвивало на имотот што го поседува Серхио.

Многуте гости уживаа во луксузот, а на влезот мораа да ги остават мобилните телефони, бидејќи фотографирањето било строго забрането, пишуваат шпанските медиуми.