Секој кој организирал свадба знае колку е тешко да се создаде распоред за седење во свадбената сала. Хајди од Сиднеј сега има уште една искушение. Таа во емисијата на австралиското радио призна дека размислува да ги стави невакцинираните гости на една антиваксерска маса.

Хајди од Сиднеј ќе се омажи за љубовта на нејзиниот живот во март следната година, а моментално недоумица и создаваат гостите кои не се вакцинирани.

Имено, таа во живо во австралиската радио емисија „Кајл и Џеки О“ признала дека размислува да ги стави сите невакцинирани гости на една антиваксерска маса.

„Размислувам дали ми треба посебна маса за невакцинирани за да ги направам сите останати гости малку порелаксирани или воопшто да не размислувам за тоа„?, се запраша таа.

Водителите Кајл Сендиланс и Џеки О’Хандерсон се согласија дека со овој потег нема да постигне ништо, бидејќи невакцинираните гости веројатно ќе се мешаат со други гости во текот на ноќта.

Еден од водителките, Сандиланс, се обиде да ја одврати младата невеста од оваа идеја уверувајќи ја дека сите вакцинирани гости се заштитени, а двете водителки се согласија дека би било „разумно“ Хајди да ги замоли сите невакцинирани гости да се тестираат за коронавирус претходно.

„Тоа е толку стандардно овие денови, Хајди, и лесно е да се направи, особено ако ги имаш на ум домашните тестови“, рече О’Хендерсон.