Сања Долежал е поранешна пејачка на хит-групата „Нови фосили“, со која, пред неколку децении, ја освои и евровизиската публика со хитот „Ја сам за плес“. Во меѓувреме, од девојка, таа созреа во зрела жена. Деновиве одмора на Јадранското Море и ужива во животот далеку од прегреаниот градски асфалт. Ги почести фановите со слика на која е во син фустан со морски дезени, на палубата на брод. Сите веднаш забележаа дека пејачката е без шминка, дека е природно убава.

„Вие Сања, секогаш сте слатка, мила, убава, за сто и еден бакнеж!“, „Тип на жена што им се допаѓа и на жените и на мажите“, „Како во старите добри времиња, и во овие времиња си згодна“, „Ти си како девојче како кога ја започнуваше кариерата“, „Згодна Сањичка која сонува, а и ние со неа“, „Убава си како убавото море зад тебе“… се само дел од бројните коментари. Сања, пред новинарите, само делумно ја откри тајната за својот младешки изглед:

– Се трудам да живеам што е можно поздраво, а тоа значи да не се нервирам, да си кажам, утре е нов ден и животот си врви. Можеби поради тоа  изгледам поубаво, поодморено, помирно отколку пред осум години кога бев како мува без глава. (Д.М.)