Една од најконтроверзните и најпровокативните македонски фолк пејачки Сања Цинцева-Барби, ги запали социјалните мрежи поради црно-белата фотографија на која е таа во скокотлива поза со непознато разголено машко чедо….

-Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави. Токму вака на фановите им се обрати една од најконтроверзните и најпровокативните македонски фолк пејачки Сања Цинцева-Барби, додека на социјалните мрежи кружи нејзината секси црно-бела фотографија на која таа се лула во скокотлива поза со непознато разголено машко чедо.

И ете, веднаш се крена голем прав кој логично се надополнува со нејзиниот голем хит “Ковид и секс…“ во кој таа пее: “Дај вакцинирај ме, не игнорирај ме“…. Додека едните ја плукаат, другите ја обожаваат не само поради песната туку и поради храброста велејќи дека токму вакво нешто ѝ фали на македонската фолк естрада, дека на луѓето им е преку глава од пејачките во народните носии со тие стари народни песни. – Треба под итно да се излезе од естрадната “жабокречина“, порача секси пејачката.

(Д.М.)