Сашо Мијалков е спроведен во куќен притвор

205

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, по кого се трагаше во изминатите два дена, вечерва од Обвинителството за организиран криминал и корупција беше спроведен во куќен притвор.

Мијалков попладнево се појави пред Обвинителство за да го земе решението за куќен притвор. Тврдеше дека бил болен до температура над 40 степени и 

Како што изјави не избегал, туку бил во изолација затоа што имал висока температура над 40 степени и дури утрово дознал дека институциите го бараат. 

Мијалков им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите кои беа предизвикани.

Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор.

Во петок треба да биде изречена пресуда за случајот „Тврдина-Таргет“.

Заев: Мијалков беше принуден да се пријави, бидејќи ќе се преминеше на истрага за блиските и блокирање на имот

Русковска: Ќе размислиме дали да бараме затворски притвор – олеснителна околност е што Мијалков сам се пријави