Саутгејт нема да присуствува на натпреварите во Премиер лигата

16

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт нема да посетува дуели од Премиер лигата кога сезоната ќе продолжи. Предводникот на „Трите лавови“ смета дека не е соодветно и важно за него и неговиот тренерски кадар да присуствуваат на натпревари што ќе се емитуваат на телевизија во секој случај.

Ова значи дека Саутгејт веројатно нема да биде во улога на извидник до следната сезона, и постои можност тој да не ги гледа лице во лице до тогаш, заради препораките за социјална дистанца во Премиер лигата.

Велика Британија требаше да биде домаќин на Италија и Данска на „Вембли“ во март, како дел од подготовките за ЕП 2020, но сите меѓународни средби беа одложени поради пандемијата од коронавирус.

Последниот натпревар на „трите лава“ беше убедливиот успех над Косово во последниот натпревар од квалификациската кампања за Европското првенство.

Премиер лигата се враќа на 17 јуни со два натпревари – Манчестер Сити – Арсенал и Астон Вила – Шефилд Јунајтед.