Саудиски принц богато ги награди фудбалерите на Ал Хилал

99

Милијардерот од Саудиска Арабија, принцот Алвалед бин Талал, ќе им додели бонус од еден милион ријали (266.500 долари) на секој фудбалер на Ал Ахли за победата од 3-2 над бразилски Фламенго и пласманот во финалето на Светското клупско првенство во Мароко.

Принцот Алвалед, кој е претседател на групацијата „Kingdom Holding“, е голем навивач на Ал Хилал и објави на социјалните мрежи дека ќе ги награди играчите со сличен износ доколку победат во саботното финале.

Паралелно со ова, саудискиот спортски канал „SSC“ јави дека секој фудбалер на Ал Хилал ќе биде награден со 500.000 ријали од саудискиот министер за спорт, за пласманот во финалето.

Ал Хилал стана прва саудиска екипа која обезбеди пласман во финале на Светското клупско првенство, во кое в сабота ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу европскиот првак Реал Мадрид и египетски Ал Ахли.