Саудиска Арабија егзекутира тројца војници

50

Саудиска Арабија денеска егзекутира тројца војници кои се осудени за „велепредавство“ и „соработка со непријателот“, се наведува во соопштението на саудиското Министерство за одбрана.

Министерството не го именува наводниот „непријател“, а егзекуциите се извршени во јужната провинција која граничи со Јемен, каде Саудиска Арабија повеќе од шест години војува против шиитските бунтовници Хути.

Организациите за заштита на човековите права, вклучувајќи ја и Амнести Интернешнал, побараа од Ријад да ја укине употребата на смртни казни, повикувајќи се на наводите за малтретирања и неправични судења. Саудиска Арабија ги отфрла таквите обвинувања.

Во оваа земја се егзекутирани 27 луѓе во 2020 година, што е најмалку во последните неколку години, во споредба со рекордните 185 една година претходно.

Извор: МИА