Саудиска Арабија наскоро добива трка во Формула 1, пренесуваат светските медиуми. Преговорите помеѓу идните организатори и ФИА влегуваат во завршна фаза и се очекува оваа арапска земја од 2021 година да се најде во календарот кога е во прашање најбрзиот циркус на денешницата.

По Големите награди на Бахреин и УАЕ, Саудиска Арабија би станала третата земја од тој дел на светот, во која би се возела трка во Формула 1.

Саудијците планираат да направат патека во близина на градот Џеда, а само лиценцата за одржување на трка чини околу 50 милиони долари годишно.