Сатира: „Плашила покрај патот” издание на Ѓорѓијоски и Долински

157

„Плашила покрај патот” е наслов на заедничкото издание на доајените на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски и Витомир Долински. Како што информираше Ѓорѓијоски, книгата содржи избор од преку 600 афоризми од двајцата автори.

„Автори на кориците се познатите македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев и Миро Георгиевски, додека издавач на книгата е Домот на културата „Тошо Арсов”. Ова е прва од серијата книги во кои со свои афоризми ќе се претстават најеминентните македонски сатиричари и воедно е седма книга од едицијата Балканска сатира“, информира Ѓорѓијоски.

Промоции на „Плашила покрај патот” во наредниот период ќе се одржат во Виница, Кичево, Скопје, Струга и Лазаревац, Р Србија“, додаде делчевскиот сатиричар со кичевски корени.

Првото издание на книгата „Плашила покрај патот” е подготвувана за фестивали за хумор и сатира во соседна Србија и е наменета за српското говорно подрачје, а во скоро време авторите најавуваат и издание на македонски и на руски јазик.