Сари откри зошто не го поздравил Гвардиола

86

Фудбалерите на Челзи последната дерби пресметка против екипата на Манчестер Сити најмногу ќе ја паметат по срамниот пораз од 6:0. На крајот од натпреварот менаџерот на лондонските „сини“, Маурицио Сари, максимално фрустриран и лут го напушти „Итихат“, но заборави да се поздрави со неговиот колега од спротивната страна, Пеп Гвардиола.

Трофејниот шпански стручњак остана без текст, а англиските медиуми таквото однесување на италијанскиот тренер го оценија како срамно и недостоиствено за еден менаџер во Премиер лигата.

  • Не го видов во тој момент. Сепак, нормално дека ќе го поздравам, како и секогаш, ќе се поздравиме откако ќе заврши прес-конференцијата. Се ова е плод на некаква случајност. Забрзано се упатив кон нашата соблекувална и во тој момент не се поздравив со Гвардиола. Јас немам никакви несогласувања со Пеп, изјави по натпреварот менаџерот на Челзи.

Дека не постои никаква нетрпеливост помеѓу двајцата менаџери потврди и предводникот на актуелниот шампион на Англија, Пеп Гвардиола.

  • Не, помеѓу нас нема никаков проблем или некаков конфликт. Се е во ред. Не ме виде и затоа не се поздрави со мене. Нема никаков проблем, изјави Шпанецот.

Благодарение на историскиот триумф “граѓаните’ повторно се вратија на лидерската позиција во Премиер лигата, но Сити има одиграно еден натпревар повеќе во споредба со второпласираниот Ливерпул.

За разлика од Сити, лондонскиот премиерлигаш е моментално петопласиран и ќе води голема борба за четвртата позиција која води во групната фаза од Лигата на шампиони.