Сари на потежок начин научи што не смее со Роналдо

175
Новиот предводник на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Маурицио Сари, го замени Кристијано Роналдо во 63 минута од пријателскиот натпревар против екипата на Тотенхем кој заврши со минимален триумф на лондонскиот премиерлигаш од 3:2.
Сепак, судејќи според реакцијата на португалскиот интернационалец, таквата одлука на Сари ни малку не му се допадна. Таквата ситуација доби посебно внимание во шпанскиот весник „Марка“, а насловната страна можеше да се прочита и дека италијанскиот стручњак на потешкиот начин научил што не смее да му направи на Роналдо.
  • Сари, за жал, на потешкиот начин научи дека Кристијано Роналдо не се менува, без разлика дали станува збор за пријателски или за официјален натпревар, напиша „Марка“, додека новинарот на беИН Спорт, Танкреди Палмери на својот твитер-профил постираше видео од замената на Роналдо и под видеото напиша: „Стравот на тренерот кој само што го замени Роналдо“.
По натпреварот поранешниот предводник на Емполи, Наполи и Челзи имаше само пофални зборови за најголемата ѕвезда во таборот на „старата дама“.
  • Роналдо има апсолутна слобода. Ќе ги организирам останатите 10 фудбалери кога се во прашање дефанзивните обврски, изјави Сари по натпреварот против Тотенхем.