Сара Џесика Паркер за „Медена земја”: Филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар”

169

Познатата актерка Сара Џесика Паркер на својот инстаграм профил изрази воодушевување од македонскиот документарен филм „Медена земја”.

– „Медена земја” е неверојатна, визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!”, напиша американската актерка на својот Инстаграм профил. 

Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар”.

„Медена земја” вечерва е на „Киненова”, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе.