Сараевскиот новинар ги открива тајните на естрадната ѕвезда: Лепа Брена е многу скржава!

286

Познатиот сараевски новинар Екрем Милиќ, кој со децении пишува за естрадата и естрадните ѕвезди, секогаш ја открива и онаа другата страна од популарноста на пејачите. Па, не така одамна, тој на својот ФБ ја има “поткачено“ и славната Лепа Брена.

– Таа е многу скржава! Се сеќавам на една Нова година во Швајцарија. Јас ја водев програмата за само 500 швајцарски франци, а таа имаше хонорар од 40 илјади франци. После си купи некој килим на распродажба за 300 франци, а на мојата ќерка ѝ купи некоја играчка за 5 франци…“.
Инаку, познато е дека Лепа Брена низ белградските улици вози половен автомобил од 3.000 евра иако има цел возен парк со бесни прескапи лимузини