Санчо е под знак прашалник

110
Спортскиот директор на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Михаел Цорк, откри дека нема ништо сигурно кога е во прашање клупската иднина на англискиот интернационалец Џејдон Санчо.
Благодарение на одличните игри кои ги прикажа во изминатата и кои ги прикажува во актуелната сезона, крилниот напаѓач го привлече вниманието на европските гиганти.
Според германските медиуми, Санчо ќе биде продаден доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 100 мил. евра.