Санчо донесе конечна одлука

191

За време на последниот состанок кој го имал со клупските челници, стандардниот првотимец Џејдон Санчо, потврдил дека сака да си замине од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, на крајот од актуелната сезона.

Со месеци доминираа шпекулациите дека Санчо ќе направи трансфер за време на летниот преоден рок, а интерес за неговите услуги покажаа најбогатите клубови во Англија и Шпанија. Репрезентативецот на Англија ќе биде продаден доколку официјалната понуда не биде помала од 100 мил. фунти.