Сансон се сели во Лондон

128

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем најверојатно ќе биде следната дестинација на стандардниот првотимец во дресот на францускиот гигант Олимпик од Марсеј, Морган Сансон.

Благодарение на одличните игри кои ги прикажа во изминатата сезона офанзивниот играч за врска го привлече вниманието на останатите европски клубови. Француските медиуми открија дека раководните лица на двата клуба веќе седнале на преговарачката маса, а најавениот трансфер ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 35 мил. евра.