Санкционирано 141 непрописно паркирано возило во Центар

59

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционирале 141 непрописно паркирано возило кое го попречувало нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 11.10. до 17.10.2021 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 73 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.