Санкционирани 42 возила што вршат јавен превоз, 22 со неисправни сопирачки

26

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден од 8 до 12 часот, спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња, при што откриени и санкционирани се 42 технички неисправни возила.

Од вкупниот број санкционирани, 22 имале неисправен уред за запирање, шест неисправен уред за управување итн.

– Од овие 42 прекршоци, 11 биле констатирани на територија на СВР Тетово, 10 на територија на Скопје… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци – велат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.