Санкционирани 34 возачи за непропуштање пешаци на подрачје на СВР Тетово

28

Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 10 до 15 часот спроведоа акциска контрола на возачите – дали и колку ги почитуваат нивните пропишани обврски кон пешаците.

-При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 34 прекршоци (ТЕ-29 и ГВ-5). На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби кои изнесуваат 250 евра во денарска потиввредност, информираат денеска од МВР.Најголемиот број од прекршоците, како што се наведува во соопштението,  се однесувале на непропуштање на пешаци на обележани премини. При контролата биле санкционирани и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-4). Контролни активности со ваква цел и содржина планирани се и во наредниот период.